Дома Фудбал Англија Фабрегас, Салах, Кејн и Манчестер Сити добија место во Гинисовата книга на рекорди

Фабрегас, Салах, Кејн и Манчестер Сити добија место во Гинисовата книга на рекорди

Името на фудбалерот за врска на Челзи, Сеск Фабрегас (31) од денес по втор пат е запишано во Гинисовата книга на рекорди.

Двократниот освојувач на Премиер лигата и поранешен светски шампион, влезе во Гинисовата книга како фудбалер кој најбрзо стигнал до 100 асистенции во Премиер лигата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За тоа му беа потребни 293 натпревари, а до 100-тата асистенција стигна на уште на 31-декември 2016 година против Стоук.

Така го сруши рекордот на Рајан Гигс на кого за тоа достигнување му беа потребни 367 натпревари, Шпанецот во Гиносовата книга на рекорди се запиша и по уште една точка, но во забавниот фудбалски дел. Тој е фудбалерот со најмногу асистенции во 30 секунди.

Покрај Фабрегас во Гинисовата книга на рекорди во 2019 година ќе влезе Мохамед Салах (најмногу голови во една сезона во Премиер лигата – 32 и најмногу натпревари на кои постигнал гол), Хари Кејн (најмногу голови во една календарска година во Премиер лигата – 39 и најмногу хет-трикови во една календарска година – 6).

Тука е и Манчестер Сити со дури четири точки – најмногу поени (100), најмногу победи (32), најмногу голови (106) и најмногу победи во низа во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал: Поранешен фудбалер на Евертон осуден на 20 години затвор!

Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и поранешен селектор на кинеската фудбалска р…