Дома Фудбал Останато Фабрегас открива непознати детали: Алонсо го чекал Арсенал пред да оди во Реал

Фабрегас открива непознати детали: Алонсо го чекал Арсенал пред да оди во Реал

Шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас откри до сега непознати детали за јавноста. Имено, Чаби Алонсо имал голема желба да го облече дресот на Арсенал, меѓутоа клубот од Лондон не реагирал да ја исполни желбата на фудбалерот.

Алонсо во 2009 година сакаше нов предизвик, тогаш тој премина во Реал, меѓутоа претходно чекал на реакција од Арсенал.  Што се случувало тоа лето откри Фабрегас кој вршел притисок на Арсенал и бил во контакт со Алонсо, сепак неговите напори се покажале како залудни затоа што луѓето во Арсенал не се решиле да го доведат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Цело лето бев во контакт со Чаби, имаше голема желба да дојде во Арсенал. Не зборувам само така, навистина сакаше да игра тука. Јас зборував со сите во клубот со кој требаше. Знаев дека кога играчот сака да дојде полесно е зделката да се реализира. Се сеќавам дека цел одморо разговаравме, се интересираше ме прашуваше како стојат работите…Штета е што во Арсенал не реагираа мислам дека ќе беше фантастично засилување“, изјави Фабрегас.

Чаби тоа лето од Ливерпул направи трансфер во Реал, а потоа играше уште за Баерн каде и што ја заврши својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…