Дома Фудбал Останато Уште малку за страста: Кога преминав од Бока во Ривер ми ја запалија куќата додека моите родители беа внатре

Уште малку за страста: Кога преминав од Бока во Ривер ми ја запалија куќата додека моите родители беа внатре

boca

Затоа реваншот од финалето во Копа Либертадорес се игра во Мадрид, а не во Буенос Аирес…

Хуан Роман Рикелме даде одличен опис на овој натпрева: Најскапиот пријателски натпревар. Ете колкав пат помина натпреварот на векот во само една недела. Рикелме објасни и зошто реваншот од Копа Либертадорес губи на значење кога се игра во Мадрид, а не на „Монументал“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Има некои работи кои само наши, аргетинскиот месо, посебниот час, дулс де лече (локален вид на масажа) и Суперкласико. И сега нас ни го одземаа. Тажно е што нашите два најголеми клубови ќе играат надвор од земјата. Тоа требаше да биде наша журка. Да се игра во Мадрид нема смисла. Се надевам дека Бока ќе победи, но искрено мислам дека финалето се игра за само некој да може да оди на Светското клупско првенство. Бев возбуден поради можноста Ривер да стане шампион на свој терен и тоа требаше да се почитува. Вака тоа нема да се случи“, изјави Рикелме во разговор за аргентинските медиуми.
Меѓитоа после нападот на навивачите на Ривер кон автобусот со играчи на Бока, тоа беше невозможно, навистина не е лесно да се контролира таа страст.

Дополнително таа страст ја опиша Оскар Руџери кој го носеше дресот и на Ривер и на Бока.

„Играв и за Ривер и за Бока и имав одлични моменти и во едниот и во другиот клуб. Меѓутоа кога преминав од Бока во Ривер ми ја запалија куќата додека моите родители беа внатре“, изјави Руџери,

Тој даде и коментар за натпреварот во недела.

„Ривер може да игра подобро, но Бока е поефикасна и може да постигне гол од ништо“, смета Руџери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…