Откако Шкупи не успеа да ја одбрани шампионската титула очигледно е дека на Чаир ќе следуваат големи промени.
По потврдата за заминувањето на еден од најдобрите играчи, Фреди Алварез сега стигна потврда и дека спортскиот директор Омер Буњаку ја напушта функцијата. Буњаку преку социјалните мрежи информираше дкеа повеќе не е дел од Шкупи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска се одржа последната средба со првиот човек на клубот на која разговаравме за сезоната што завршува и за плановите за следната сезона.
Го известив претседателството и сопственикот дека повеќе нема да бидам дел од претседателството и јавно им се заблагодарувам на сите членови како и на сопственикот за соработката во текот на овие години.
Со поголема гордост ќе се сеќавам на овие 6 години во клубот каде најпрвин успеавме да најдеме финансии за да го одржиме клубот во живот, а потоа со добра организација секоја година стигнавме до европските натпреварувања, а лани до шампионска титула по 21 година!
Ќе бидам горд цел живот за сите инвестиции на стадионот како што се; трибината која е една од најголемите инвестиции во клубот од формирањето, новиот терен, нови соблекувални итн…
Сакам да им се заблагодарам на сите тренери, играчи кои низ годините ми веруваа во планот и беа дел од нашиот тим, благодарам на ФФМ, на секоја државна институција која постојано ни беше на услуга, им благодарам и на сите клубови за FairPlay и коректност.
Најголемата благодарност до моите фанови и најдобрата група „Шверцери“!
Засекогаш Форца Шкупи“, објави Буњаку.