Легендарниот Италијанец и става крај на својата фудбалска кариера на свои 38 години.
Андреа Пирло објави дека ќе се повлече од професионалниот фудбал во декември оваа година откако му истекува договорот во американската МЛС со Њујорк сити.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Некогашниот играч за врска на Милан, Јувентус и репрезентацијата на Италија одигра само 15 од можните 30 натпревари за „Граѓаните“ оваа сезона, а бидејќи договорот му истекува во последниот ден од оваа година, порача дека е време да и стави крај на својата голема кариера.
„Во некој момент сфаќате дека е време за крај. Секој ден се јавува некој физички проблем, не можете да тренирате онака како што сакате, бидејќи постојано излегува проблем. Во мои години мислам дека е готово. Не е дека не можете да играте цела вечност, дури и до 50 години, но подобро би правел нешто друго“, истакна Пирло во интервју за Газета дело Спорт.
Пирло е еден од најтрофејните фудбалери на Апенините. Поради мајсториите во креирањето на играта носеше разни надимаци, освои многу трофеи, меѓу нив и ЛШ со Милан, како и шест Скудета, два со „Росонерите“ и шест со Јувентус.