Дома Фудбал Уште една трагедија во спортот: Почина поранешен турски репрезентативец

Уште една трагедија во спортот: Почина поранешен турски репрезентативец

Поранешниот турски фудбалер Ерсен Мартин почина на 45-годишна возраст, потврдија турските медиуми.

Кариерата Мартин ја започна во Баерсдорфер, а потоа се пресели во германски Нинберг каде што го имаше својот прв сениорски договор.

Подоцна играше за Бешикташ, Сиртспор, Гезтепе, Денизлиспор, Анкараспор, Трабзонспор, Рекреатив, Сивас, Манисаспор, Кашипаша, Генчелербирлиги и Ејупспор.

За турската репрезентација одигра три натпревари. Фудбалската кариера ја заврши во сезоната 2012/2013.

Ќе потсетиме во текот на вчерашниот ден спортскиот свет беше погоден од смртта на поранешниот хокеар и сегашно момче на тенисерката Арина Сабаленка, Константин Колцов, а најважната битка по два дена поминати во болница ја загуби и директорот на Фиорентина, Џо Бароне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хал осум кола не знае за победа, Брајтон ја брка близината на Арсенал

Тимот на Сергеј Јакировиќ го пречекува второпласираниот Брајтон, кој со победа би се добли…