Дома Останати Кошарка НБА Уште еден удар за Лос Анџелес, црна сезона за „Стејплс Центарот“

Уште еден удар за Лос Анџелес, црна сезона за „Стејплс Центарот“

НБА лигата полека влегува во највозбудливиот дел од сезоната. Изминатата вечер беа одиграни првите натпревари од плеј-инот.

На Истокот Бруклин Нетс можеа да направат „од говото вересија“ против Кливленд. Нетси славеа со 115:108 иако после првата четвртина имаа 20 поени разлика водство (40:20). До победата Нетси ги предводеа Дурант и Ирвинг со дабл-дабл учинок. Ирвинг натпреварот го заврши со 34 поени и 12 асистенции, а Дурант со 25 поени и 11 асистенции. Кај Кливленд најефикасен беше Герланд со 34 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нетси со овој триумф во плеј-офот закажаа дуел со Бостон Селтикс.

На Западот беше „удрен печат“ на црната сезона во Лос Анџелес. Лејкерси не успеаа да изборат место ниту во плеј-инот, а вчера во оваа фаза Клиперси беа поразени од Минесота со резултат 109:105. До победата Минесота беше предводена од Едвардс со 30 поени и пет скокови. Расел оствари учинок од 29 поени, пет скока и шест асистенции. Кај Клиперси Џорџ мечот го заврши со 34 поени, седум скокови и пет асистенции, но тоа не помогна на тимот на од Лос Анџелес да го избегне поразотѕ. Ова значи дека во легендарниот „Стејплс Центар“ сезонава нема да се играат натпревари од плеј-офот.

Минесота во плеј-офот ќе се сретне со Мемфис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…