Дома Останати Уште еден трофеј за Федерер: Швајцарија го освои Хопман купот!

Уште еден трофеј за Федерер: Швајцарија го освои Хопман купот!

Селекцијата на Швајцарија е победник на годинашното издание на тенискиот Хопман куп што се играше во Перт.

Роџер Федерер со трофеј ја започна новата 2018 година, откако заедно со Белинда Бенчиќ во финалето ја совладаа Германија со 2-1 во победи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарската комбинација Федерер – Бенчиќ, без загубен меч го освоија пехарот наменет за најдобрата мешана двојка на ова натпреварување.

Федерер учествуваше во двете победи за својата селекција на Хопман купот. Најпрво го совлада Александар Зверев со 6:7, 6:0, 6:2, а потоа славеше и во двојки со Белинда Бенчиќ против германската комбинација Зверев/Кербер со 4:3, 4:2.

Единствениот триумф за Германија го забележа Анжелика Кербер против Бенчиќ (6:4, 6:1)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…