Раководството на Јувентус му исплатил на Кристијано Роналдо околу 20 милиони евра, кои не биле вклучени во официјалните финансиски извештаи на клубот, пренесува „Газета дело Спорт“.
Според нивните сознанија, челниците на торинската „Старата дама“ склучиле таен договор со португалскиот репрезентативец, според кој дел од платата добивал тајно, без да плаќа данок и да не ја вклучува во конечните финансиски извештаи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
37-годишниот фудбалер беше член на Јувентус од 2018 до 2021 година, во кој дојде од Реал Мадрид за 117 милиони евра. Во црно-белиот дрес на 134 натпревари постигна 101 гол со 22 асистенции.
Искусниот напаѓач е во Манчестер Јунајтед од летото 2021 година, а менаџерот на англискиот тим, Ерих тен Хаг, потврди дека Португалецот ќе биде во конкуренција за утрешниот натпревар од петтото коло во Лига Европа против Шериф по прекинот на натпреварот.
Италијанските медиуми еден ден претходно објавија дека раководните лица на Јувентус се обвинети за измама и може да се соочат со судење за наводно фалсификување финансиски извештаи.
Главната обвинителка на Торино, Ана Марија Лорето, испратила барање претседателот на Јувентус, Андреа Ањели да биде во домашен притвор, но тој предлог бил одбиен.
Под истрага се вкупно 16 вработени во италијанскиот гигант, а освен Ањели, за учество во криминални активности се осомничени и потпретседателот Павел Недвед, извршниот директор Маурицио Аривабене и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи, кој сега работи во Тотенхем.
Јувентус е обвинет дека примил приходи во 2018, 2019 и 2020 година на сомнителен начин. Меѓу другото, обвинителството наводно има докази дека играчите на „старата дама“ не се откажале од дел од приходите за време на пандемијата на корона вирусот, а клубот извести дека им ги скратил платите на фудбалерите.