Многумина го сметаат за исклучително ладен човек, кого не му е грижа за се што се случува околу него, но Португалецот уште еднаш докажа дека тоа не е вистина.
Во текот на викендот му упати писмо на 94-годишниот навивач Федерик Скофилд, кој доживеа срцев удар и со писмото успеа да го расположи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Драг Фред
Дознав за вашата доживотна лојалност кон Манчестер Јунајтед, Ви пишувам за да ви се заблагодарам за вашата лолајност и посветеност кон клубот. Ентузијазмот на навивач на овој клуб ме фасцинира од ден во ден. Слушнав дека сте преживеале тешки моменти во последно време, но се надевам дека ќе ви биде драго да знаете дека играчите и сите ние во клубот мислиме на вас, и дека тоа барем малку ќе ви ја олесни ситуацијата.
Ваш, Жозе Мурињо“
Неговиот потег ги изненади сите на Островот, но се докажа дека Жозе сепак има емоции.