Утре ќе се одржи клучен состанок помеѓу Килијан Мбапе и раководството на ПСЖ на кој ќе се одлучи иднината на Французинот.
Французинот го извести ПСЖ дека нема нарема да го продолжи договорот, а со оглед на фактот дека влегува во последната година од договорот клубот сака да го продаде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Планот на Мбапе е следното лето како слободен агент да се пресели во Реал и да добие бонус од 100 милиони евра при потписот на договорот, како што беше договорено минатото лето.
ПСЖ сака да избегне такво сценарио, па утре ќе има состанок со претставниците на Мбапе на кој ќе биде донесена конечна одлука.
Доколку Мбапе не сака да стави потпис на нов договор, тогаш ќе биде продаден ова лето.
🚨 Meeting tomorrow between camp Mbappé and PSG!
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 29, 2023
Either Mbappé extends, or PSG will ask him to leave.
One option could be PSG offer a two-year extension to Mbappé and promise he can leave in 2024.
(Source: @marca ) pic.twitter.com/9gV1cRguvs