Еден од најважните фудбалери на Барселона, Самуел Умтити не гарантира дека ќе остане на „Камп Ноу“ и следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Францускиот репрезентативец беше гостин во студиото на „TF1“ и му беа поставени прашање за иднината на кои требаше да одговори со „Да“ или „Не“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Умтити одби да одговори на прашањето „Дали ќе остане во Барселона“ и искористи „џокер“.
Запрашан дали ќе премине во редовите на Манчестер Јунајтед, Умтити повторно го направи истото и одби да даде одговор.
#PortadaSPORT https://t.co/XqlkYDG7yE
— Diario SPORT (@sport) March 25, 2018
24-годишниот дефанзивец во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, Барселона се обидува да му го продолжи договорот, но без успех.
Според каталоснки „Спорт“ Умтити сака големо зголемување на платата, односно Барселона да ја израмни понудата на Манчестер Јунајтед која изнесува 9 милиони евра по сезона.