Дома Трансфер зона Умтити: Во соблекувалната на Барса никој не зборува за Гризман, можеби зборуваат кога јас не сум таму

Умтити: Во соблекувалната на Барса никој не зборува за Гризман, можеби зборуваат кога јас не сум таму

Откако Французинот Антоан Гризман најави на крајот на сезоната дека ќе го напушти Атлетико Мадрид, во медиумите секојдневно се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата.

Една од најсериозните опции е Барселона, но во последните денови се повеќе се шпекулира дека може да заврши во друг клуб, односно моментално најблиску е до ПСЖ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Токму поради тоа француските медиуми го запрашаа дефанзивецот на Франција и Барселона, Самуел Умтити дали нешто слушнал за доаѓање на Гризман. Сепак, тој даде негативен одговор.

„Дали Гризман ќе дојде во Барселона. Добро прашање. Никогаш во соблекувалната не слушнав некој да зборува за него. Можеби зборуваат кога јас не сум таму.“ – порача низ смеа Умтити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул веќе преговара за Адам Вортон

Ливерпул веќе има испратено прашање до Кристал Палас за играчот на средината на теренот на…