Дома Фудбал Италија Ултрасите на Јувентус вчера го игнорираа евроголот на Дибала (ВИДЕО)

Ултрасите на Јувентус вчера го игнорираа евроголот на Дибала (ВИДЕО)

Jувентус вчера одигра уште еден одличен натпревар и славеше против тимот на Фросиноне од 3:0.

За 21-та победа во досегашниот од сезоната во Јувентус се погрижија Паоло Дибала (6), Леонардо Бонучи (17) и Кристиано Роналдо (63).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Додека погодоците на Бонучи и Роналдо беа еуфорично прославени, за погодокот на Дибала имаше променливи реакции. На камерите при покажувањето на трибините беше забележително дека ултрасите на Јувентус гестикулираат до останатиот дел од навивачите да не се прославува погодокот на Аргентинецот.

Телевизиските камери на дело ги уловија најжестоките навивачи како го игнорираат погодокот на Паоло Дибала.

Според италијанските медиуми ултрасите на Јувентус и понатаму му замеруваат на Дибала пораи однесувањето во натпреварот против Парма кога порано си замина во соблекувалната.

Наводно тогаш Дибала бил фрустриран затоа што на местото на повредениот Бернардески Алегри во игра го пуштил Емре Чан кој не се ни загревал.

Дибала освоен со погодокот посебно во овој натпревар се истакна со чудесниот прием на топката на дваесетина минути пред крајот на топката.

Блез Матуиди од левата страна испрати една долга топка до Дибала кој на начин својстен за најголемите фудбалски мајстори успеа да ја смири топката.

Останува да се види дали Дибала доколку продолжи со добрите настапи ќе успее повторно да ги придобие најверните фанови на италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…