Дома Фудбал Италија УЛТИМАТУМ: Монтела ќе го „доживее“ Јувентус само со шест бода?!

УЛТИМАТУМ: Монтела ќе го „доживее“ Јувентус само со шест бода?!

На Винченцо Монтела му се ближи крајот во Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред неколку дена имаше кредит од четири натпревари, а како што вечерва јавува Скај Италија, по ремито со АЕК на домашен терен и новиот состанок со директорите, ултиматумот е заострен.

Имено, Фасоне и Мирабели му соопштиле на Монтела дека во следните два меча мора да освои шест бода, ако сака да го дочека големото дерби против Јувентус. Следните два меча Росонерите ги играат со Џенова на домашен терен и со Киево на гости, па со оглед на таквата ситуација Монтела можеби и би можел да го оствари ваквиот предизвик.

Да потсетиме, Милан ги загуби последните три меча во Серија А и се наоѓа на 10та позиција со 12 бодови негатива во однос на лидерот Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн се збогува со тројца важни играчи откако ја освои титулата во Германија

Баерн во победата од 5:1 против Келн го подигна трофејот на Бундеслигата, а пред последнио…