Дома Фудбал Италија Милан со ултиматум до Донарума: Потпиши или одиш на трибини!

Милан со ултиматум до Донарума: Потпиши или одиш на трибини!

Екипата на Милан има јасен став, Џиџи Донараму мора да остане во клуботе. Ќе видиме како ќе реагира другата страна.

„Росоенерите“ пред состанокот со Мино Раиола завземаа остар став. Како што пишува „Кориерe дело спорт’’ клубот нема намера да се го продава најталентираниот голман на денешницата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, директорите Фасоне и Мирабели на контроверзниот менаџер ќе му соопштат дека понудата е на масата и дека има рок од неколку недели да одговори. Милан нуди три милиони евра плус бонуси за договор до 2022 година.

На Раиола не му се брза, наводно има понуди од Сити и Јунајтед, како и од Јувентус, на кого најмногу би му одговарало Донарума да остане уште една сезона во Милано, па летото 2018 да го наследи Буфон.

Но, како што споменавме, Милан спреми ултиматум. Ако Донарума не потпише нов договор, наредната сезона ќе ја помине на трибините.

Тие немаат намера да преговараат со Раиола, спремни се да ја изгубат и оштетата, но Донарума сигурно нема да биде дел од тимот ако не го продолжи договорот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…