Дома Македонски спорт Украинците потврдија: Преговараме со Македонија за пријателски натпревар

Украинците потврдија: Преговараме со Македонија за пријателски натпревар

Сениорската репрезентација на Македонија би можела да одигра пријателски натпревар со Украина по барање на оваа земја која ја очекува баражот за Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради ситуацијата во нивната земја баражот против Полска беше одложен, засега не е познато кога тој натпревар ќе се игра. Меѓутоа од Украина соопштија дека се разговарало со Македонија и Франција за одигрување на пријателски натпревар.

„Во овој момент бараме добар камп каде што би се подготвувале за натпреварите, не сакаме сам од го одиграме тој бараж за СП, туку сакаме и да победиме. Нашите фудбалери беа во добра играчка форма и наша задача е да им ја одржиме таа форма. Во овој момент преговараме за контролен натпревари со Франција и Македонија. Детали се уште не можам да ви кажам“, изјави потпретседателот на Украинскиот фудбалски сојуз Олег Протасов.

Покрај тоа претходно од Украина соопштија дека и Италија е опција за пријателски натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…