Дома Фудбал Останато Украина бара одложување на баражот за пласман на СП

Украина бара одложување на баражот за пласман на СП

ФИФА објави дека Фудбалскиот сојуз на Украина, поради руската инвазија врз земјата, побарал да биде одложен баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дваесет дена пред дуелот планиран за 24 март на „Хемпден парк“ во Глазгов, Украинците побараа мечот да се одложи до дополнително известување.

„Како да играме фудбал и да се подготвуваме за овие важни натпревари кога со пушки си ја браниме државата“, изјавија од Украина.

ФИФА, информира, дека разговараат со УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Шкотска, со цел да биде донесена најдобрата одлука.

Победникот од натпреварот Шкотска-Украина, за место на Мундијалот ќе игра против подобриот од дуелот Велс-Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маркус Рашфорд пред сензационално враќање во Барселона: Преговорите се во тек, легендата сака само на Камп Ноу!

Англискиот репрезентативец и играч на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, може ова лето да…