Страшни вести ни пристигнуваат од Аргентина. Имено, фудбалерката Флоренс Гуиназа била прво претепана и убиена од нејзниот сопруг кој потоа и самиот си го одзел животот.
Ужасниот настан се случил во нивниот дом и тоа додека во куќата биле и нивните деца. Пред да си го одземе животот сопругот Агустин оставил порака на прозорецот на која пишувало: Повикајте полицијата, децата се сами.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Флоренс беше брутално убиена од сопругата во Мендоза. Прво ја убил, а потоа се самоубил пред децата кои се на возраст од пет и седум години.
Кога соседот пристигнал во куќата, седумгодишното момче играло на својот плејстејшн, во нивната соба не можело да се влезе бидејќи била заклучена. Полицијата по пристигнувањето ја скршила вратата и биле затекнати од страшната гледат“, објави телевизијата „Ц5Н“.
Веста за смртта ја потврди и тимот на Атлетико Аргентино кој изрази сочувство до семејството и пријателите.