Денес започна женското Светско првенство во Австралија и Нов Зеланд, а пред почетокот на турнирот се случил инцидент во кој имало две жртви.
Мундијалот се отвори со натпреварот помеѓу домаќинот Нов Зеланд и Норвешка, на неколку часа пред оваа средба во близина на стадионот имало престрелка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Учесниците на Мундијалот биле шокирани од инцидентот, а ФИФА се огласи и потврди дека не станувало збор за напад поврзан со фудбалските случувања во земјата. Станувало збор за изолиран инцидент и во овој момент нема никакви мерки или одложувања.
Покрај двете жртви имало и уште шест повредени лица, ФИФА најави дека со цел да изрази сочувство до семејствата ќима минута молк пред натпреварите.