И неколку дена по завршувањето на финалето помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се уште се зборува за детали од овој меч кој му припадна на Шпанецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сопругот на Бритни Спирс, Сем Ашгари одлучи да го нападне Новак Ѓоквоиќ поради видео објавено од однесувањето на Ѓоковиќ кон едно од момчињата кои собираа топки.
„Ужасно однесување. Мразам да гледам работи како овие. Шампионот е шампион, само ако се води со својот пример. Не си поголем од останатите ако се однесуваш на овој начин. Ова момче еден ден ќе стане шампион и нема да го заборави овој момент. Ужасно однесување, се надевам дека никогаш нема да бидам ваков“, објави сопругата на пејачката.
На снимката која ја објави се гледа како наводно Ѓоковиќ вика кон собирачот на топки.
