Војната која се води во Појасот Газа одзема голем број животи, а сега пристигна ужасна информација во која е вклучен и фудбалер.
Иман Абу Тима, фудбалер на тимот Итихад Кан Јунис и репрезентативец на репрезентацијата на Палестина бил убиен заедно со девет члена од неговата фамилија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Оваа информација дополнително ја истакна бруталноста на војната на Блискиот Исток каде што животите ги загубија над 400 палестински спортисти. Воениот конфликт кој започна во октомври минатата година однесе дури 245 животи на фудбалери, оставајќи голема празнина во палестинскиот спорт.
Фудбалскиот сојуз на Палестина претходно започна постапка во која бара исклучување на сите израелски репрезентации од меѓународните натпреварувања. Засега одлуката за ова прашање неколку пати се одложуваше.