Дома Фудбал Останато УЕФА прави промени и во квалификациите: Ќе останат ли македонските клубови без европски натпревари летово?

УЕФА прави промени и во квалификациите: Ќе останат ли македонските клубови без европски натпревари летово?

Пандемијата со коронавирусот би можела да направи и промени во форматот квалификации за групната фаза во Лигата на Европа и Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реномираниот „Тајмс“ пишува дека УЕФА размислува да го намали бројот на претколо, дури и да ги откаже квалификациите.

Стартот на новата сезона во групната фаза од ЛШ е планиран за 20 октомври, додека голема неизвеност е дали бројот на преткола ќе остане ист како и во претходните сезони.

Според актуелниот формат во Лигата на шампионите се играат пет преткола. Прво на распоред е прелиминарната рунда помеѓу шампионите од најслабо рангираните асоцијации, потоа следат прво, втор и трето претколо, па плеј-фот.

Прв приоритет на УЕФА е да ја заврши оваа сезона. Целта е остатокот од нокаут фазата во Лигата на Европа и Лигата на шампионите да се игра во август.

Со оглед на краткиот временски интервал скратувањето на квалификациите изгледа како логично. Доколку дојде до ова скратување без летни квалификации би можеле да останат и македонските клубови, во зависност од тоа дали и за колку би се намалил бројот на учесници во квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…