УЕФА може да го натера Пари Сен Жермен да ги продаде Нејмар или Килиан Мбапе, сигурни се шпанските медиуми.
Францускиот шампион е под истрага за прекршување на правилата за финансиски ферплеј и меѓу варијантите е Европската куќа на фудбалот да го натера клубот да се раздели со еден од своите двајца најскапи играчи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако парижаните не прифатат, им се заканува многу сериозна парична казна, па дури и забрана за купување нови играчи за одреден период.
Реал Мадрид има сериозен интерес за Нејмар и Мбапе, а желбата на „кралевите“ е еден од двајцата да го замени Кристиано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“.
Еминентниот мадридски весник „Марка“ тврди дека „кралскиот“ клуб до крајот на преодниот рок е спремен да понуди 300 милиони евра за Нејмар.
Како што пренесува „Марка“ одлуката на УЕФА за случајот ПСЖ треба да биде донесена многу брзо, па двата клуба ќе имаат време да го завршат евентуалниот трансфер, со оглед на фактот дека останаа уште седум дека до затворењето на преодниот рок