Црвена Звезда првиот европски натпревар следната сезона ќе го игра пред празни трибини откако УЕФА ја казни за расистички испади за натпреварот против Милан.
Белграѓаните исто така се казнети со 25.000 евра поради истиот инцидент, а и 5.000 евра поради кршење на безбедносните протоколи за време на пандемијата со Ковид-19. Според казната ќе треба да стават и знаме преку целата трибина со логото на УЕФА на кое ќе пишува „Не на расизмот“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Причина за казните се нападите на сметка на Ибрахимовиќ кој не играше и беше навредуван на национална основа заедно со различни пцовки.