Европската куќа на фудбалот донесе одлука да им дозволи на репрезентациите да повикаат 26 фудбалери за ЕП, а воедно го одобри и правилото за 5 замени.
Наместо 23 фудбалери секој селектор ќе може на списокот да пријави 26, а УЕФА се одлучи на ваков потег поради проблемите со пандемијата и поголемиот број на измени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова може да биде и добра вест за македонските фудбалери, бидејќи селекторот Игор Ангеловски нема потреба да го крати списокот и ќе може да повика 26 фудбалери.
Притоа, се очекува повеќе фудбалери да добијат минутажа на Европското првенство, бидејќи ќе има 5 измени.