Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА отвори истрага против Јувентус и Рома: На Киелини и Бенатија и се заканува суспензија

УЕФА отвори истрага против Јувентус и Рома: На Киелини и Бенатија и се заканува суспензија

Против двата италијански клуба е отворен процес.

Џејмс Палота претседателот на Рома го нарече кловн словенечкиот судија Скомина после победата над Ливерпул од 4:2, кога арбитрот тешко ги оштети Римјаните.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА веднаш најави казна после што Американецот изјави дека постои сериозна шанса да „умре од смеа“ поради најавите од Нион.

Тој ќе ја плати паричната казна, но не се откажува од своите изјави и повторно дека Рома е ограбена во реваншот, а посочи и дека во првиот натпревар еден од погодоците на Ливерпул бил нерегуларен.

Наавивачите на Рома се запрашуваа како не е отворена истрага против Јувентус, после се што се случуваше во Мадрид, но УЕФА го добила извештајот од Оливер и започнала истрага.

Под лупа е Буфон кој и да биде казнет ќе нема ефект – се повлекува. Киелини и Бенатија исто така го напаѓаа судијата и го обвинуваа за кражба, како и претседателот Андреа Ањели за кого се шпекулираше дека дури и физички се обидел да се пресмета со англискиот судија, иако ништо вакво не е потврдено.

Неговите изјави после натпреварот сигурно ќе бидат предмет на исрага, Јувентус побара смена на Колина кој е одговорен за судењето во УЕФА, а има и поддршка од останатите италијански клубови.

Во секој случај, Киелини и Бенатија веројатно ќе бидат суспендирани за стартот на Лигата на шампионите наредната сезона, одлуката за казните ќе биде донесена на 31 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поради политички скандал откажано полуфинале: На Мароканците им се одземаа дресовите, немаа со што да играат

Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските …