Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе продолжат во јули и август, тоа е најноватао длука на УЕФА.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Европската куќа на фудбалот ги одложи европските натпреварувања за да им даде предност на националните првенства. Освен ова претходно беше објавено и дека баражите во Лигата на Нации за пласман на ЕП ќе се играат во септември или октомври. Претходниот термин во кој требаше да играат Македонија и Косово беше 4. јуни.
УЕФА се уште не објавила детали дали во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе има промени на системот или пак ќе се играат по стандардниот систем. Претходно се шпекулираше дека место два натпревари (дома-гости) може да се игра еден на наутрален терен, како и дали Инстанбул ќе остане домаќин на финалето во ЛШ. Гдањск треба да го организира последниот натпревар во ЛЕ.