Дома Фудбал Останато УЕФА одлучи: Русија и Косово ќе бидат разделени пред ждрепките!

УЕФА одлучи: Русија и Косово ќе бидат разделени пред ждрепките!

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека Русија и Косово ќе бидат разделени во ждрепките за репрезентативни и клупски натпреварувања во иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одлуката во Нион е образложена со безбедносни причини и би можела да се примени во пракса веќе на 30 ноември за кога е закажано формирањето на групите за Европското првенство во 2020 година. Се разбира доколку Косово обезбедат пласман.

По проблемите во организацијата на мечот од женските селекции меѓу Русија и Косово во квалификациите за Европското првенство, УЕФА мораше да интервенира.

УЕФА претходно ги „раздели“ клубовите и репрезентацијата на Србија и БиХ од Косово, а Русија беше „разделена“ со Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не заборави на Меси во неговите најтешки денови, му испрати емотивна порака (Фото)

Аргентинецот Лео Меси се соочува со тежок период по загубата на својот татко, кој почина п…