Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА одлучи: На Европското првенство ќе има пет измени

УЕФА одлучи: На Европското првенство ќе има пет измени

Репрезентациите на Европското фудбалско првенство ќе можат да извршат по пет измени во текот на секој натпревар, соопшти денеска Европската куќа на фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Правилото кое се воведе во услови на пандемијата со Ковид-19 е важечко и во актуелните квалификации за настап на Мундијалот во Катар, па УЕФА реши да ја прошири примената и за ЕП.

УЕФА објави дека правилото останува важечко се додека пандемијата на коронавирусот влијае на мечевите и натпреварувањата.

Ова е добра вест за селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, кој на натпреварите од ЕП ќе има повеќе опции.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ова се случи втор пат некогаш на Светското првенство во фудбал, последен пат на 15 јуни 1958 година

Чуден ден е зад нас на Светското првенство во фудбал. Имавме можност да видиме четири натп…