Попладнево вистински „бум“ настана во фудбалскиот свет поради објавата на официјалната страна УЕФА.
Имено, УЕФА пред време постави слика и го најави Ливерпул како освојувач на Лигата на шампионите, иако „црвените“ на 26 мај ги очекува финалето против Реал Мадрид. За ова повеќе ТУКА.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега, интересно е што ова не е прв пат оваа сезона Ливерпул да биде вклучен во т.н скандал. Претходно оваа сезона на еден ден пред полуфиналната ждрепка во јавноста се појавија карти за натпреварот помеѓу Рома и Ливерпул, иако паровите се уште не беа извлечени.
Тогаш грешката на УЕФА се покажа како предвидување, а навивачите на „црвените“ се надеваат дека и овој пат ќе се случи истото.