Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА нема да им прогледа низ прсти: Јунајтед ќе биде казнет поради доцнењето

УЕФА нема да им прогледа низ прсти: Јунајтед ќе биде казнет поради доцнењето

Навистина е неверојатно она што се случува во таборот на еден од најголемите светски клубови.

Манчестер Јунајтед е во резултатска криза, има проблеми во соблекувалната, на Мурињо не му оди, но изгледа има проблеми и во други делови од клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од она што вчера се случи пред натпреварот против Валенсија може да се заклучи и дека клубот има проблеми и во организацијата.

Ќе потсетиме, фудбалерите на Јунајтед задоцнија на својот стадион за натпреварот против Валенсија. Поради споменатото доцнење натпреварот започна неколку минути подоцна во однос на останатите.

Како причина од клубот наведен беше метежот во собраќајот иако тешко дека некој верува во таквото соопштение.

Сепак, како и да е, без разлика поради што доцнел почетокот на натпреварот на клубот од „Олд Трафорд“ му се заканува казна која УЕФА сигурно ќе му ја додели.

Засега не се случило еден домаќин да задоцни на натпревар во Лигата на шампионите, па останува да видиме со каква казна ќе се соочат „ѓаволите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…