Дома Фудбал УЕФА направи промена за мечот помеѓу Тотенхем и Динамо Загреб

УЕФА направи промена за мечот помеѓу Тотенхем и Динамо Загреб

УЕФА денес реши да ги промени домаќинствата за мечот помеѓу Тотенхем и Динамо Загреб во 1/8 финалето од Лига Европа.

Според првичниот план првиот меч требаше да се игра во Загреб, но сега дојде до промена, па мечот на 11-ти март ќе се игра во Лондон, а Динамо ќе биде домаќин во реваншот на 18 март.

Причината за тоа е што УЕФА не сака два тима од ист град да бидат домаќини во ист ден. Арсенал ќе го пречека Олимпијакос на 18-ти март на „Емирати“, па поради тоа беше преместен натпреварот на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија може на БиХ во баражот, европските сили чекаат четвртфинални двојки

Во Нион од 12 часот ќе се извлекуваат двојките за баражот и четвртфиналето во Лигата на на…