Мадриѓаните во нов проблем.
Дисциплинската комисија на УЕФА покрај проблемите кои ги има Реал му зададе и нов удар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, мадриѓаните се жалеа и бараа да биде укината суспензијата на Дани Карвахал. Десниот бек на Реал Мадрид заработи суспензија од два натпревари поради намерниот жолт картон со цел чист да влезе во елиминационата фаза.
УЕФА денес донесе конечна одлука и ја отфрли жалбата на Реал со порака дека Дани Карвахал нема да може да настапи во првиот натпревар против Пари Сен Жермен кој се игра за една недела.
Ова секако е удар за Зинедин Зидан бидејќи сега покрај десната аут линија мора да игра значително побавниот Начо и да го чува Нејмар.
Натпреварот помеѓу Реал и ПСЖ се игра во среда со почеток од 20:45 часот.