На најновата ранкиг листа на УЕФА, Шкендија и понатаму е најдобар македонски клуб.
Бранителот на титулата во македонското првенство се наоѓа на 150. позиција, а зад Тетовци на 222 позиција е овогодинешниот есенски шампион Вардар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Работнички е третиот најдобро рангиран македонски клуб (306) клуб на ова листа и тоа е можеби малку чудно ако ја погледнеме табелата на која Работнички се наоѓа на дното. На позициите од 300. до 400. то место се подредени сите останати македонски клубови.
Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров се на истата 375. позиција. Пелистер е 378, Силекс 380 и Ренова 381.