УЕФА и КОНМБЕОЛ имаат намера да организираат што е можно повеќе настани меѓу двата континенти. На таа тема двете страни одржале виртуелен состанок на кој се разговарало за можна соработка.
Во овој момент конкретен е договорот само за натпревар меѓу континенталните шампиони Италија и Аргентина кои ќе се играат на 1. јуни во Лондон. Но, се разгледува и можноста и за други опции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Европските селекции поради Лигата на Нации ретко имаат термини за пријателски натпревари, па според актуелниот систем ретки се дуелите меѓу селекциите од Европа и Јужна Америка, тоа може да се промени ако јужноамериканските селекции станат дел од Лигата на Нации.
За ова постојат два можни формати. Првиот е репрезентациите од Јужна Америка само да се приклучат во групите на Лигата на Нации, а втората е во Јужна Америка да има посебна Лига на Нации и финалистите од секој континет да играат на завршен турнир.