Дома Фудбал Останато УЕФА е јасна: Ова се строгите протоколи за Лигата на шампионите и Лигата на Европа

УЕФА е јасна: Ова се строгите протоколи за Лигата на шампионите и Лигата на Европа

Лигата на шампионите ќе биде продолжена во петок додека денес и утре ќе се играат натпревари од Лигата на Европа.

УЕФА ги објави строгите протоколи за завршните турнири на овие две клупски натпреварувања, а тие се базирани на голем број тестирања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите играчи, но и членови на стручните штабови ќе бидат тестирани на коронавирус два дена пред првиот натпревар. Потоа ќе се тестираат ден пред секој натпревар, истото важи и за Лигата на Европа и Лигата на шампионите. Резултатите ќе мораат да бидат готови на шест часа пред почетокот на натпреварот.

Никој од играчите и членовите на стручниот штаб нема да смее да го напушти хотелот, освен ако претходно тоа не е договорено и ако се случи ќе биде под посебни услови.

Во тој период контакт не смее да биде воспоставен со никој друг кој не е дел од екипата.

Завршниот турнир од Лигата на шампионите се игра во Португалија, додека завршниот турнир од ЛЕ ќе се одигра во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…