Дома Фудбал УЕФА донесе одлука: Познато каде ќе се играат осминафиналните средби од ЛШ и ЛЕ

УЕФА донесе одлука: Познато каде ќе се играат осминафиналните средби од ЛШ и ЛЕ

УЕФА денес донесе одлука осминафиналните натпревари од Лигата на шампиони и Лига Европа да се одиграат на домаќинските стадиони од учесниците.

УЕФА појасни дека тоа ќе се случи во државите на клубовите домаќини нема рестрикции околу патувањата, поврзани со пандемијата од коронавирусот.

Реваншите меѓу Барселона-Наполи, Баерн Минхен-Челси, Манчестер Сити-Реал Мадрид и Јувентус-Лион да се одиграат според планот, односно на домашните стадиони.

Исто така, оваа одлука се однесува и на преостанатите натпревари од осминафиналето во Лига Европа, со напомена дека Интер-Гетафе и Севиља-Рома се дуели кои ќе бидат решени на неутрален терен со еден меч во Германија. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крајова ја заврши работата во првото полувреме: Егнатија поразена со 2-0

Чикалдау и Банку ги постигнаа головите за ЦСУ Крајова, која по три натпревари во Конференц…