Дома Фудбал Останато УЕФА донесе одлука за натпреварот Белгија – Шведска

УЕФА донесе одлука за натпреварот Белгија – Шведска

Натпреварот помеѓу Белгија и Шведска од квалификациите за Европското првенство кој беше прекинат на полувремето при резултат 1:1 по терористичкиот напад во кој загинаа двајца Швеѓани нема да биде доигран.

Се шпекулираше што ќе биде со натпреварот помеѓу двете селекции, а Европската куќа на фудбалот денес донесе одлука истиот да не се доигра. Резултатот 1:1 се смета за конечен и така ќе се поделат бодовите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двете селекции добиваат по еден бод и тоа значи дека Белгија ќе се искачи на првото место со 17 бода, еден повеќе од Австрија, Шведска е трета со седум.

УЕФА соопшти и дека натпревари во Израел нема да се играат поради конфликтот со Палестина. Во овој момент не е познато до кога оваа одлука ќе биде на сила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…