Дома Фудбал УЕФА донесе одлука за евентуалната продажба на Манчестер Јунајтед на Катарци

УЕФА донесе одлука за евентуалната продажба на Манчестер Јунајтед на Катарци

Европската куќа на фудбалот ќе даде зелено светло за евентуалната продажба на Манчестер Јунајтед на катарски инвестициски фонд зад кој стои емирот Хамад Ал-Тани.

Се очекува официјалната понуда од Катар да пристигне во петок, а имаше сомненија дека УЕФА може да ја стопира евентуалната зделка поради правилото дека два клуба не можат да бидат од ист сопственик.

Имено, два клуба од ист сопственик не можат да играат во исто натпреварување под капата на УЕФА, а емирот од Катар е сопственик на ПСЖ.

Меѓутоа, понудата до Манчестер Јунајтед ќе биде испратена од различна организација, а не од „Катар Спорт Инвестмент“ кој ги има акциите  на ПСЖ.

Формално двата клуба нема да имаат еден ист правен сопственик, иако двата ќе бидат во сопственост на кралското семејство на Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

25 удари, само еден бод: Сандерленд скапо ги плати промашувањата во Полска

Тимур Тутјеров го постигна најбрзиот гол сезонава во Лига Европа, но Лех Познањ преку Март…