Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека е потребно да се прекине практиката богатите клубови да ги купуваат најдобрите фудбалери.
Според зборовите на Словенецот, враќањето на балансот и конкуренцијата во европскиот клупски фудбал е примарна задача за време на неговиот мандат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чеферин додаде дека започнува дискусија за запирање на финансиските злоупотреби во фудбалот, лимит на платите на играчите, како и за лимитирање на провизиите кои ги добиваат фудбалските агенти.
Во УЕФА размислуваат и за воведување на данок на луксуз, според кој клубовите ќе плаќаат казни при пречекорување на определен буџет за фонд за плати, а примените средства ќе бидат прераспределени по социјални програми.
„Може да воведеме данок на луксуз, може да ги ограничиме кредитите и бројот на пријавените фудбалери во клубовите. Ќе разговараме за сите овие мерки на овогодинешниот состанок на Советот за професионални стратегии кон УЕФА“, изјави Чеферин.