Дома Фудбал Англија Удар за Гвардиола: Сити без Агуеро против Ливерпул

Удар за Гвардиола: Сити без Агуеро против Ливерпул

Напаѓачот на Манлестер Сити, Серхио Агуеро ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул поради повреда на коленото, потврди менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Агуеро нема одиграно натпревар од 4-ти март и натпреварот против Челзи, бидејќи на тренингот после мечот го повреди левото колено.

Гаврдиола се надеваше дека Аргентинецот ќе се опорави и дека на утршниот меч ќе биде на клупата, но тоа нема да се случи.

„Серхио остана во Манчестер, не дојде со тимот. Тој е многу подобро, но лекарите денес разговараа со него и им кажа дека и понатаму има мал проблем“, изјави Гвардиола.

Првиот натпревар од четвртфиналето помеѓу Сити и Ливерпул ќе се одигра утре на „Енфилд“ во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tрансфер „бомба“: Ентони Гордон е нов фудбалер на Барселона!

Тимот на Барселона, актуелните шпански шампиони, го завршија првиот мега-трансфер и засилу…