Дома Фудбал Останато „Убиецот“ се врати и постигна повеќе голови од Нејмар и Кавани заедно!

„Убиецот“ се врати и постигна повеќе голови од Нејмар и Кавани заедно!

Радамел Фалкао има скоро 32 години, но во Монако прикажува настапи како во најдобрите денови.

После враќањето во Монако од англиската авантура во која за Јунајтед и Челзи постигна само пет погодоци, повторно се врати со својот убиствен голгетерски инстикт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако оваа сезона е на самиот старт, Фалкао одигра 11 натпревари, а веќе постигна 12 погодоци.

Негови жртви беа Тулуз, тим против кој постигна еден погодок во победата од 3:2, против Дижон постигна три погодоци (4:1), против Мец еден (1:0), против Марсеј два (6:1), против Стразбург два (3:0), против Лил два (4:0) и против Монпеље еден (1:1).

Во француското првенство е далеку најдобар стрелец, на второто место е Кавани со седум постигнати погодоци. Но, самиот Фалкaо постигна повеќе голови од Кавани и Нејмар заедно, најскапиот фудбалер во светот до овој момент четири пати ја затресе противничката мрежа.

Како што кажавме Фалкао е најефикасен стрелец, но одлично е рангиран ако се сметаат и клубовите, повеќе погодоци од Колумбиецот постигнаа само ПСЖ, Бордо и Лион!.

За тоа колку Фалкао е „убиствен“ оваа сезона говори податокот дека споменатите 12 погодоци ги постигна од само 13 шута кон противничкиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барди: Во Шпанија ме споредуваа и со Меси!

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју…