Дома Останати Убава вест: Нејмар стана татко!

Убава вест: Нејмар стана татко!

Бразилецот Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди станаа родители на девојче, објавија серија фотографии со бебето на Инстаграм и открија дека се вика Мави.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Нашата Мави пристигна да ни ги потполни животите. Добредојде ќерко! Веќе те сакаме многу. Ти благодариме што нѐ избра”, објави Бразилецот на социјалните мрежи.

Нејмар го има 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со девојката Каролина Дантас. Тој се забавуваше со Бруна пред две години, а во април годинава објавија дека чекаат дете.

Пред неколку месеци Нејмар беше во центарот на вниманието на јавноста, бидејќи беше обелоденето неговото неверство. Фудбалерот, познат по „лудите“ забави и „дружењето“ со атрактивни девојки, ја изневерил својата партнерка Бруна, која тогаш беше бремена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Перез донесе најголема одлука во последните 10 години – заврши приказната со Мбапе

Килијан Мбапе нема да го напушти Реал Мадрид иако многу навивачи на кралскиот клуб сакаат …