„Воџата“ на навивачите на Милан, Лука Лучи утрово е уапсен заедно со уште 22 лица.
Првиот човек на Курва Суд Милан, како и управникот на Интер, Масимо Манели се обвинети за продажба на дрога. Полицијата после голема акција, пронајде 600 килограми марихуана и кокаин.
Blitz antidroga: 22 arresti, tra loro c'è Luca Lucci, capo ultrà della Curva Sud del Milan https://t.co/sNSbEM0xpq
— Milano Today (@milanotodaynews) June 4, 2018
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Помеѓу 22 уапсени, 19 се Италијани, двајца се Албанци и еден Романец.
Според информациите на италијанските медиуми, Лучи учествувал во тргувањето со дрога и соработувал со албанските групи, после што ја дистрибуирал дрогата во Милано.
Овој човек веќе еднаш беше во затвор поради напад на навивачот на Интер, Виргилија Мота кој остана без око. Со неговото враќање јужната трибина во Милано повторно го доби својот „воџа“ ,но сега и повторно претрпе тежок удар