Meнаџерот на Челзи, Томас Тухел имаше интересен настап на прес-конференцијата.
Англиските новинари го прашаа Тухел дали тој би го преземал градскиот ривал Тотенхем како што тоа го направи поранешниот стратег на „сините“ Антонио Конте. Германецот прво гласно се насмеа на ова прашање, а потоа и одговори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имам многу работа тука и среќен сум каде што сум. Добра вест за Премиер лигата е доаѓањето на Конте, дојде еден од најдобрите менаџери во светот. Ќе биде тешко да се игра против Тотенхем, сигурен сум. Јас уживам и како што кажав среќен сум каде што сум, не ме интересираат други тимови“, изјави Тухел.
Тухел во изминатите 10 месеци работи одлично во Челзи, а ја одведе екипата и до титулата европски шампион. Сезонава „сините“ се и еден од главните кандидати за шампион на Англија.
🗣"I have enough to do here! and I'm happy with where I am." 🤣
— Football Daily (@footballdaily) November 5, 2021
Thomas Tuchel laughs off @SkyKaveh asking him if he sees himself ever managing Spurs pic.twitter.com/hBiAlAcdZu