Дома Фудбал Тухел призна: Кејн не е среќен во Баерн

Тухел призна: Кејн не е среќен во Баерн

Хари Кејн минатото лето го напушти Тотенхем и за рекорден трансфер се пресели во Баерн Минхен.

Англичанецот одлично ја отвори сезоната, но во последно време игра се полошо, а тренерот Тухел тврди дека Кејн не е среќен во Минхен.

„Кејн знае што прави и не е задоволен со начинот на кој го користиме. Не сме задоволни со многу работи. Неверојатно е тоа што лесно постигнува голови на тренинг, но ние не го наоѓаме на натпреварите“, истакна Тухел.

Кејн оваа сезона одигра 29 натпревари за Баварците на кои постигна 28 гола и 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасан го однесе Египет во осминафинале на СП, но отказ доби по семеен скандал

Египет го смени селекторот Хосам Хасан по настани што, според федерацијата, го нарушиле уг…