Дома Фудбал Останато Тухел за промашувањето на Вернер: Гундоган лошо му додаде

Тухел за промашувањето на Вернер: Гундоган лошо му додаде

Победата на Македонија против Германија се уште е тема на коментирање и помеѓу светски стратези.

Германците најмногу жалат за пропуштената голема прилика на Тимо Вернер во самиот финиш од натпреварот. На таа тема зборуваше и тренерот на Челзи, Томас Тухел кој малку чудно смета дека Вернер добил лоша топка од Гундоган.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Не беше виновен Тимо, Гундон лошо му додаде и не се шегувам кога го кажувам ова“.

Вернер се врати на тренинзите и сакал дополнително да работи на неговата завршница, но Тухел не му дозволил.

„Не му дозволив, му кажав: Твојот мозок и тело знаат да дадат гол, играш фудбал од својата шеста година, не се грижи и продолжи да уживаш, головите ќе дојдат. Со сила ништо не се постигнува. Кога некоја девојка не сака да излезе со вас на вечер, не можете да ја натерате со сила, направете чекор назад и таа ќе ве побара“, коментираше Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …