Дома Фудбал Останато Тухел во проблем: ПСЖ без клучен играч против Лајпциг?

Тухел во проблем: ПСЖ без клучен играч против Лајпциг?

Пари Сен Жермен во петокот вечерта го активираше својот четврти голман, 20 годишниот Гарисон Иносент причина беше повредата на 33 годишниот Костариканец, Кејлор Навас.

Навас во четвртфиналето против Аталанта мораше да го напушти натпреварот поради повреда и прашање е дали ќе се опорави до вторник кога на распоред е полуфиналето во Лисабон во кое ПСЖ ќе игра против Лајпциг.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навас утре ќе има уште еден преглед и тогаш ќе биде познато дали ќе биде спремен за полуфиналето.

Освен 33 годишниот Навас, ПСЖ на располагање го има 26 годишниот Серхио Рико кој го замени Навас во четвртфиналето.

Повредата на Навас би можела да биде тежок удар за тимот на Тухел кој ќе игра полуфинале против Лајпциг, натпревар во кој влегува како фаворит. За германскиот тим ова ќе биде прв настап во едно полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…