Дома Топ вести „Тутоспорт“ најавува спектакуларен трансфер: Погба притиска за заминување, но не во Барселона!

„Тутоспорт“ најавува спектакуларен трансфер: Погба притиска за заминување, но не во Барселона!

pogba

„Тутоспорт“ најавува спектакуларен трансфер!

Кога „Тутоспорт“ на почетокот на летото го најави доаѓањето на Роналдо во Јувентус, малку кој веруваше во таа приказна, многумина се потсемаваа, но на крајот – „старата дама“ го купи Роналдо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само ден после затварањето на преодниот рок во сите најсилни првенства на „Стариот континент“ за јануари најавува нов спектакуларен трансфер овој пат на Пол Погба!

Наводно, светскиот шампион со Франција сака да го напушти Јунајтед поради лошиот однос со Мурињо и ќе се обиде преку својот агент, Мино Раиола да издејствува трансфер.

Не треба да потсетуваме дека Погба беше спремен да замине во Барселона, но Мурињо го спречи трансферот бидејќи клубот не му обезбеди адекватна замена.
Сепак, во целата потенцијална зделка постојат неколку проблеми..

Прво, секако е износот на оштетата. Јунајтед сигурно нема да прифати оштета помала од 100 милиони евра, а прашање е колку Јувентус има средства да плати уште еден мегаломански трансфер за помалку од шест месеци. Втората е од тактичка приорда.
Имено, Погб не би можел за Јувентус од јануари да игра во Лигата на шампионите бидејќи веќе е регистриран за Јунајтед.

Тука е и платата на Погба која во Јунајтед изнесува 17 милиони евра, па прашање е колку „дамата“ е спремна да парира на оваа бројка.
Многу зависи и од иднината на Мурињо, поточно се зависи од тоа. Португалецот е под голем притисок поради лошите резултати на стартот на новата сезона и слабата игра на најдобрите поединци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …